fbpx

Toyota го унапреди Highlander со нова технологија и нов мотор

Компанијата Toyota одлучи да го освежи својот SUV модел Highlander со нова технологија, како и со нов мотор за пазарите во Источна Европа

Неколку месеци по објавувањето на ажурирањата за Highlander во САД, Toyota донесе слични надградби на европската верзија на теренецот. Така, европскиот Highlander ја добива новата технологија на компанијата, ќе има нови опции за бои на екстериерот, а во поставата се додава и новиот 2,4-литарски мотор со турбо полнач кој е исклучиво достапен на пазарите во Источна Европа.

Toyota Highlander стигна до европските салони во 2021 година, така што станува збор за релативно нов додаток во гамата на јапонската марка, барем кога станува збор за Стариот континент, а воедно и нашиот пазар. За моделската 2023 година, европските купувачи добиваат опција за металик боја Cypress Green за надворешноста и нов сет од 20-инчни алуминиумски тркала финиширани во сјајна црна боја. Внатре, Toyota ги додаде беж и окер нијансите за кожниот тапацир.

Toyota Highlander

Уште поважно, Highlander го доби новиот конфигурабилен 12,3-инчен дигитален инструмент кластер (со режими Casual, Smart, Tough и Sport) заедно со поголемиот 12,3-инчен екран на допир на централната конзола кој ја интегрира најновата инфозабава на Toyota. Така, SUV моделот сега нуди „клауд“ навигација, подобрен гласовен асистент, безжична Apple CarPlay / жична Android Auto конекција и далечински функции преку паметниот телефон на корисникот. Понатаму, Toyota Smart Connect+ носи 3D мапирање на градот, препознавање на патни знаци и информации за локацијата на камерата за фиксна брзина. Конечно, подлогата за безжично полнење е преместена за полесен пристап како во неодамна ажурираниот Lexus ES.

Toyota Highlander

Нов мотор за Источна Европа

Во Источна Европа, Highlander сега е достапен со новиот турбо 2,4-литарски бензински мотор со четири цилиндри. Овој агрегат испорачува 269 КС и 418 Nm максимален вртежен момент. Овие бројки го прават помалку моќен од 3,5-литарскиот V6 на чие место доаѓа во поставата. Сепак, новиот мотор носи подобрена потрошувачка на гориво и помали емисии на CO2. Во Западна Европа, теренецот ја задржува својата самополнечка хибридна поставка со атмосферски 2,5-литарски мотор и два електромотори кои произведуваат комбинирани 248 КС, што е очигледно најефикасниот погонски агрегат во понудата.

Ажурираниот Toyota Highlander е веќе достапен за нарачка во Европа, а првите испораки се закажани за четвртиот квартал од 2022 година.

Поврзани вести

Back to top button