fbpx

Toyota ги избра хибридите за дизел алтернатива во Европа

Јапонскиот производител Toyota ќе се потпира на модели со хибриден погон, кои ќе се претворат во алтернатива за европските клиенти како замена за дизел мотори

Ова го најави претседателот на Европската поделба на компанијата, Јохан ван Сил, за Automotive News.

– Во моментов 40% од продажбата на компанијата на континентот се базира на хибридни автомобили. Нашата цел е да бидеме повеќе од 50% до 2020 година. Впрочем партиципацијата во Западна Европа и сега е толку, а во земји како Франција, на пример, надминува 60% , коментира Ван Сил.

Топ-менаџерот додаде дека Toyota ќе ja прошири гамата со уште подостапни хибридни модели со помоќни модификации. Целта на компанијата е овие машини да бидат со нормални цени за да не се одвратат потрошувачите. Сето ова, сепак, не значи дефинитивно негирање на дизелот.

Toyota– Ситуацијата е различна во секој сегмент. Кога започнавме продажбата на C-HR, одлучивме да не нудиме дизел. Денес, 77% од продажбата во Европа се хибридна верзија, а во Франција оваа бројка е 90%. Очигледно тоа е иднината, но во исто време дизелот е потребен за модели како Land Cruiser, кој доаѓа со мотор, со стандардот Euro 6.2 , објаснува Ван Сил.

Извршниот директор за Европа додаде дека е лесно за поголемите модели да ја обезбедат целата технологија за дизел. Меѓутоа, тешко е за помалите изведби, бидејќи ќе ја зголеми нивната цена и ќе ги направи неконкурентни. Затоа Ван Сил е на мислење дека Тојота нема да понуди нов дизел мотор за своите мали автомобили.

Toyota

-Во 2015 година, нашите дизел модели имаат 25% од нашиот европски пазар. Една година подоцна, нивниот удел е 15%, а во земји како Италија, на пример, само 7%. Еколошките барања исто така стануваат построги, па дизелот постепено станува се понебаран на пазарот, потенцира топ-менаџерот.

Ван Сил откри исто дека првиот целосно електричен автомобил на марката најверојатно ќе биде SUV или премиум модел, бидејќи во овие сегменти профитот е многу поголем, додека за малите автомобили оваа технологија сеуште е многу скапа.

-Треба да создадеме нов бизнис модел за мали автомобили(А сегмент), бидејќи сè е ориентирано кон трошоците. И ова може да се случи само ако сегашните технологии се поевтини, рече на крајот шефот на Toyota за Европа.

Поврзани вести

Back to top button