Toyota и Panasonic заедно ќе прават батерии за електрични автомобили

Јапонските гиганти Toyota и Panasonic основаа заедничка компанија која ќе се занимава со производство на батерии за електрични автомобили

Автомобилскиот производител Toyota и производителот за електроника Panasonic заеднички ја создадоа компанијата Prime Planet Energy and Solutions, која ќе овозможи батериите да бидат достапни за сите производители на автомобили, а ќе биде во функција веќе од месец април годинава. Заедничката фабрика најавена од страна на Toyota и Panasonic ќе произведува високо квалитетни, ефективни батерии кои се безбеди и ќе нудат висок квалитет и перформанси.

Ова нема да биде непознато поле на делување за Panasonic, со оглед на тоа дека јапонската компанија веќе испорачува батерии за американскиот производител на електрични автомобили Tesla. Исто така, целта на ова партнерство е и намалување на зависноста од Американците.

Новата компанија, која ќе брои повеќе од 5.000 вработени, според сопствеништвото 51 процент ќе и припаѓа на Toyota, а остатокот ќе биде во сопственост на Panasonic, објавија двете компании. Заедничките вложувања на двете компании покажува дека јапонските гиганти сакаат да станат важен играч на глобалниот пазар за батерии за електрични автомобили.

„Се очекува батериите, како решение за пружање енергија кај автомобилите и разни други облици на мобилност, и како решение за разни облици на прашања околу околината, ќе играат централна улога во идното општество“, објавија двете компании во заедничкото соопштение за јавноста.

Toyota планира да го зголеми својот удел во продажбата на електрични автомобили во вкупен приход на 50 проценти до 2025 година.

Поврзани вести

Back to top button