fbpx

Toyota ја покажа платформата за новиот Yaris

Toyota ги објави првите детали на својата претстојна GA-B платформа, најмалиот член на TNGA архитектурата на кој ќе се темели новиот Yaris

Како и со останатите модели базирани на TNGA, GA-B е дизајниран да ги максимизира карактеристиките на ракување со автомобилот. Подвозјето е високо ригидно и засилено како резултат на посилните споеви во структурата, додека системот за потпирање е составен од MacPherson-ов систем во предниот и торзиона оска или мулти-линк систем за потпирање во задниот дел.

Новата платформа за мали автомобили на Toyota исто така овозможува и поставување на возачкото седиште пониско и малку понаназад кон центарот на возилото, обезбедувајќи поудобна позиција за возење и понизок центар на гравитација.

Toyota

Се одликува и со прилично паметна конструкција, со цел да се понуди поголема пространост на кабината. Toyota користи стандардизирани компоненти низ сите TNGA платформи, со цел да си го поедностави процесот на конструирање без притоа да создаде автомобили со сличен изглед.

Од Toyota велат дека новата GA-B платформа ќе биде користена кај возила со различни големини и типови на каросерии, со различни должини, висини и ширини. Бидејќи во светот последниов период SUV моделите земаа навистина голем замав, ова би можело да значи дека компанијата планира и создавање на мал кросовер базиран на оваа платформа, кој ќе се наоѓа под C-HR во својот опсег.

Поврзани вести

Back to top button