ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Toyota го прекина производството во Австралија

По 54 години непрестајно производство, Toyota стави официјално крај на составувањето на автомобили во Австралија

Јапонскиот производител одржа специјална церемонија, на која учествуваа поранешни и сегашни вработени, менаџери, добавувачи и дилери, на која беше ритуално прекината работата во фабриката во градот Алто. За шесте децении на функционирање на фабриката, Јапонците произведоа над 3,5 милиони автомобили, кои биле продадени на локалниот и околните пазари. Најпопуларниот автомобил од марката во регионот е Camry, од кој има над 2,15 милиони примероци.

По 54 години непрестајно производство, Toyota стави официјално крај на составувањето на автомобили во Австралија.

Toyota

Претстои објектот во Алто да биде претворена во место каде што млади кадри на Toyota ќе бидат обучувани. Покрај тоа, дел од развојот на компанијата ќе се пресели токму таму. Дел од вработените во фабриката ќе останат на работа во центарота другиот ќе биде отпуштен. Toyota предвидува различни програми за вработување и поддршка на поранешните работници.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close