Во Toyota знаат како да ги рециклираат отпадните и токсични батерии
Toyota развива метод, кој ќе овозможи од користените батерии на старите хибридни модели да се прават „суперакумулатори", кои ќе ги напојуваат уредите од урбаната електричната мрежа, пишува британското издание AutoExpress
Дваесет години по дебито на првиот Prius, во отпадите веќе почнуваат да се акумулираат значителни количества на стари хибриди, па се наметнува и прашањето за рециклирањето на отровните батерии.
Јапонскиот производител планира да собере 10.000 батерии од старите Prius и IQ електрични верзии и да ги спои во „суперакумулатор“ со 10.000 киловати. Тој ќе може да се напојува со енергија во моменти кога потрошувачката е ниска, а потоа да дава во „шпицовите“. Оваа технологија е исто така многу погодна за складирање на електрична енергија од соларни и ветерни електрани, кои се познати по нивната нестабилност.
Toyota тврди дека дури и старите батерии со намален капацитет може да се справат со оваа задача. Нивниот партнер во проектот е гигантот Chubu Electric Power од јапонскиот остров Хонсиу. Првата супер-батерија треба да се најде во понуда во 2020 година.