Лос Анџелес 2019: Toyota со plug-in верзија на RAV4

Јапонскиот производител го искористи Саемот за автомобили во Лос Анџелес да го претстави најмоќниот и најефикасен RAV4 досега

Спремен да излезе во продажба од наредно лето, RAV4 Prime презема сè што е добро во врска со стандардниот модел и го подобрува. Како резултат, SUV моделот е најмоќен, најефикасен и најбрз RAV4 досега создаден.

Со цел да го достигне ова, Toyota му вгради на моделот plug-in хибриден погон, кој всушност се заснова на оној кај RAV4 Hybrid, но има помоќни електрични мотори и литиум-јонска батерија со висок капацитет. 2,5 литарскиот мотор е модифициран и сега испорачува моќност од 176 коњски сили и вртежен момент од 228 Nm, а plug-in хибридниот погон овозможува електричен опсег од 63 километри.

RAV4

Како и RAV4 Hybrid, RAV4 Prime има електронски контролиран погон на сите тркала кој го користи задно-монтираниот мотор за придвижување на задните тркала, за кој компанијата не даде подетални информации. Сепак, RAV4 Prime има комбиниран излез од 302 коњски сили, односно 83 коњски сили повеќе од RAV4 Hybrid, а дополнителната моќност му овозможува на SUV моделот да забрза до 100 km/h за околу 6 секунди.

Јапонскиот SUV ќе биде понуден исклучиво во SE и XSE верзии. SE доаѓа уникатна решетка, аеродинамичен преден спојлер, црни акценти и 18-инчни алуминиумски фелни. Во внатрешноста, поставен е кожен управувач, загреани предни седишта и 8,0-инчен инфозабавен систем со компатибилност на Amazon Alexa, Android Auto и Apple CarPlay.

XSE претставува постилска верзија, со дво-тонска надворешност, контрастен црн покрив, вертикални LED дневни светла и поголеми 19-инчни алуминиумски тркала. Внатрешноста доаѓа со синтетички кожни седишта, амбиентално осветлување, безжичен полнач за паметни телефони, и поголем 9,0-инчен инфозабавен систем.

Покрај горенаведената опрема, SE и XSE се опремени со комплет на Toyota Security Sense системи за асистенција на возачот. Тука вклучени се автоматски светла, адаптивниот темпомат, систем за детекција на пешаци, систем за предупредува при напуштање на лента и асистент за знаци.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close