fbpx

Toyota Supra- целата историја на моделот во една минута

Следната година, Toyota ќе го претстави обновениот модел Supra. Машината се развива заедно со BMW

Историјата на моделот започнала во 1978 година кога Јапонците првпат го користеле името на Supra за нивниот автомобил.

Првата генерација на Toyota Supra имаше мотор од 6- цилиндри со 123 КС. Забрзување од 100 km/h беше 10,5 секунди. Во текот на својот генерациски развој, моделот со две врати стануваше се посилен, посовршен и поагресивен. Во 1994 година, следеше четврата генерација, која најмногу им се допадна на тјунерите, уличните возачи и фанови на брзи јапонски автомобили. Оваа верзија на спортското купе исто така стана еден од „хероите” на филмот „Брзи и бесни”.

Новината се очекува да биде повторно мошне привлечна и фановите ја чекаат со големо нетрпение, особено топ верзијата. Toyota Supra ќе има 3.0- литарски мотор со 340 КС, а нејзината платформа, исто така, ќе ја користат Баварците за новата генерација на Z4. Сериската верзија на германскиот автомобил ќе биде прикажана следната година.

Поврзани вести

Back to top button