fbpx

Традицијата продолжува, Шумахер во Formula 1 од 2021 година

Синот на седумкратниот Formula 1 шампион Михаел Шумахер, Мик, потпиша повеќегодишен договор со американскиот тим Haas кој почнува од следната сезона

Јуниорот на Ferrari Мик Шумахер, кој е син на легендарниот Михаел Шумахер, од следната сезона ќе дебитира во Formula 1 за тимот на Haas, откако потпиша повеќегодишен договор. Тој ќе биде во ист тим со својот колега од F2 Никита Мазепин во целосно новиот состав на американскиот тим.

Шумахер ќе започне рано со своите обврски во Haas, најпрво со тестирањето на VF-20 тркачкиот болид во Абу Даби на 11 декември за време на FP1, пред да учествува во тестот на младите возачи кон крајот на сезоната во Јас Марина на 15 декември.

Шумахер Formula 1

Во моментов, Шумахер е лидер во F2 шампионатот, обезбедувајќи десет подиуми и два триумфи.

„Многу сме среќни што можеме да потврдиме дека Мик Шумахер е дел од нашиот возачки состав за следната сезона и едвај чекам да го пречекам во нашиот тим. Formula 2 шампионатот долго време служи за пронаоѓање на големи таленти, а годинешниот шампионат дефинитивно беше еден од најкомпетитивните во последните години. Мик успеа да триумфира на неколку трки, собра неколку подиуми и се соочи со неколку навистина исклучителни таленти во 2020 година“, изјави директорот на Haas, Гунтер Штајнер.

Трет Шумахер во Formula 1

Пред да го забележи своето F2 деби, Мик Шумахер исто така победи и во Formula 3 европскиот шампионат во 2018 година, собирајќи осум победи. По ова, тој се приклучи на академијата на Ferrari.

„Сакам да се заблагодарам на Haas F1 тимот, Scuderia Ferrari и Ferrari Driver Academy за тоа што имаа доверба во мене. Исто така сакам да им се заблагодарам на моите родители, знам дека ним им должам се“, изјави младиот возач.

Мик ќе стане третиот член на семејството Шумахер кој ќе се трка во Formula 1, покрај неговоиот татко Михаел и неговиот чичко Ралф. Ралф Шумахер учествуваше на 180 трки во периодот од 1997 до 2007, успевајќи да победи на шест од нив. Михаел Шумахер од друга страна е втор на листата со најмногу победи во историјата (91), веднаш зад Луис Хамилтон кој неодамна го сруши неговиот рекорд.

Поврзани вести

Back to top button