ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Трамп се закани дека ќе наметне нови давачки за европските автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе наметне дополнителни давачки за европските автомобили што се продаваат во земјата

Ова е „негов одговор“ на властите во ЕУ, кои претходно објавија дека размислуваат мерки против одлуката на американската влада за воведување на царина на увезените од САД во Европа, алуминиум и челик.

-Ова се многу глупави деловни договори со ЕУ, кои се потпишани од претходните лидери. Повеќе вакви работи нема да се случуваат. САД имаат трговски дефицит од 800 милијарди долари. Затоа партиите од извршените зделки немаат право да ги користат други земји, кои потоа се „насладуваат“ од добивките, напиша Трамп на Twitter.

Претседателот беше јасен дека ЕУ сака да ги зголеми тарифите и бариерите за американските компании, па затоа САД „ќе воведе давачки и такси на европските автомобили, кои без никакви пречки влегуваат во земјата”.

Трамп– Новите наметнати регулативи им оневозможуваат на нашите автомобили, како други производи, да се најдат непречено на пазарите во Европа. Ова е огромна нерамнотежа од која нашата земја има само штета, потенцира Трамп.

Трамп неодамна објави дека САД се подготвува да воведе 25% царина на име увоз на челик и 10% на алуминиум, кои се увезуваат од ЕУ. Шефот на државата ја оправда оваа одлука со обид да ги заштити работните места во САД. Експертите, меѓутоа, сметаат дека зголемување на цената на овие два материјалот ќе доведе точно до спротивното – ќе се наметне автомобилската индустрија да скрати работни места.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close