ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Трамп ги укина еко-стандардите на Обама

Американскиот претседател Доналд Трамп ги укина стандардите за заштита на животната средина за автомобилите, што ги воведе неговиот претходник, Барак Обама

Според сегашната администрација, предводена од републиканец, нормите наметнати од тимот на демократите на Обама, се премногу високи.

Укинувањето на еко-стандардите беше објавено од страна на шефот на федералната Агенција за животна средина, Скот Прут. Тој е на мислење дека вредностите воведени од администрацијата на Обама не се реални и одлуката за нивно користење е избрзана.

-Од политичка загриженост, претходната администрација значително го скрати времето за развој на еколошки стандарди, кои ја регулираат потрошувачката на гориво и нивото на емисии за автомобили. Овие вредности се базираат на претпоставки, а не на длабински студии и анализи и се премногу строги, објасни Прут.

Тој вети дека агенцијата која ја води ќе создаде нов национален стандард за стакленички гасови. Тоа ќе им овозможи на производителите на автомобили да направат такви модели кои ќе бидат достапни за луѓето. Засега, сепак, не е јасно кога новите стандарди ќе бидат подготвени. Прут успеа да ги критикува и властите во Калифорнија, што дополнително воведоа повисоки вредности за потрошувачката на гориво и емисиите на гасови кај автомобилите.

Државните службеници се категорични и изјавија дека се подготвени да одат на суд доколку дојде до некои дополнителни одлуки за да го заменат решението. Одлуката на Прут и неговата администрација е подржана од алијансата на производителите на САД. Оваа организација произведува околу 77% од автомобилите на американскиот пазар. Од Сојузот на производители, го повикаа Трамп, штом дојде на власт за да ги намали еколошките стандарди воведени од Барак Обама и тој тоа го стори.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close