fbpx

Три нови мотори за обновената Mercedes-Benz C-класа

Работата на дотерувањето на Mercedes-Benz C- класа започна уште во 2016 година, а од тогаш, па наваму неколкупати беа направени тестирања на прототипи на моделот

Работата на дотерувањето на Mercedes-Benz C- класа започна уште во 2016 година, а од тогаш, па наваму неколкупати беа направени тестирања на прототипи на моделот, кај кои, како што најавуваат некои медиуми меѓу другото се тестирани и сосема нови агрегати. Обновената C- класа официјално ќе биде претставена за време на автосалонот во Женева, во март, а продажбата ќе стартува во текот на летото на 2018 година. Промените во изгледот се минимални, а во внатрешноста се очекува поголем екран на допир, на воланот ќе се постават десет различни фукции, како и два touchpad-а.

Mercedes-Benz C- класа

Исто, како и при дотерувањето на S-класа се додаваат дополнителни системи за безбедност, асист-состави за возачот и можноста за одржување на интерфејс NFC, што значи дека обновената C-класа ќе користи најсовремени технологии на брендот. Ќе има најмалку три промени во моторите на моделот. Сегашниот 2.1-литарски дизел сега е доста стар и ќе биде заменет со нов 2.0. Со истата зафатнина и бензинскиот мотор- M264 со EQ стартер-генератор, исто така, ќе биде вклучен во гамата. Овој мотор се појави кај Mercedes-Benz E 350, каде што развива 299 КС, но е многу веројатно моkноста кај C-класа да е поинаква.

 

Интересна трансформација очекува и семејството C 43, која ќе се претвори во C 53. Овие изведби ќе го заменат својот 3,0-литарски V6 со 367 КС со 6-цилиндерски во линија – M256, со ист волумен. На новиот мотор, исто така, ќе му помогне и електричниот мотор со 68 КС. Моќноста на целиот систем ќе биде во рамките на 450-500 КС, што ќе овозможи промени и кај семејството C 63 / C63 S. Кај нив V8 моторите по дотерување ќе развиваат меѓу 490 и 525 КС.

Поврзани вести

Back to top button