fbpx

Tritium го најави својот прв електричен суперавтомобил

Финската компанија Tritium Automotive најави дека кон средината на јуни на Саемот во Монте Карло ќе го претстави својот целосно електричен суперавтомобил

Од Tritium најавуваат дека секој заинтересиран клиент ќе може да ја персонализира внатрешноста на својот примерок, што значи дека купувачите ќе можат да изберат меѓу едноставен мотоспорт кокпит, се до луксузен ентериер во стил на скапоцените јахти. Но, од финската компанија исто така потенцираат дека овој автомобил ќе биде произведен во само 11 примероци.

Проектот кој го нарекоа „најприлагодливиот суперавтомобил на светот“ треба да биде претставен на Саемот за автомобили во Монако во текот на јуни, секако, доколку претходно се стекнат услови за одржување на оваа манифестација. Од Tritium истакнуваат дека станува збор за интригантен концепт кој ќе биде изработен според желбата на клиентите, а она што е забележително е дека предниот дел неодоливо потсетува на Lamborghini Aventador, додека на задниот дел доминира голема решетка.

Електричниот суперавтомобил на Tritium е целосно електрично возило со 671 КС и автономија на движење од нешто помалку од 300 километри со едно полнење. Шасијата на овој Tritium е слична карбонската конструкција кај болидите од Formula 1. Она што е интересно е дека купувачите и откако ќе го добијат своето возило ќе бидат во можност да го менуваат неговиот надворешен дел со замена на каросериските панели.

Финците истакнуваат дека овој електричен суперавтомобил е настанат во соработка со стручњаците кои своето знаење го потврдиле во областите како што се дизајн на суперлуксузни јахти и аудио опрема. Цената на овој автомобил ќе изнесува околу 1,1 милион евра.

Поврзани вести

Back to top button