fbpx

Тјунинг или модерни стилови на персонализирање на автомобилите

Најпопуларниот тренд кај автомобилските ентузијасти денес е стилското и перформансното модифицирање на возилата, застапено во повеќе стилови

Уште откако првите модели ја напуштија производната линија пред многу години, автомобилските ентузијасти ги модифицираат и менуваат своите автомобили. Повеќето возила ја напуштаат фабриката поставени за просечни очекувања на еден возач во нормални услови и да издржат натпросечно лоши „шофери“. Но, ентузијастите не се задоволуваат со ова. Со цел да го подобрат своето возило, тие ги персонализираат неговите карактеристи. Ваквиот тип на модифицирање и дотерување кое е задоволува вкус на поединец глобално е познат како тјунинг.

Тјунингот е популарен низ целиот свет, без разлика на кои простори се застапени моделите. Тој најчесто е поврзан со автомобилските трки, но ваквите автомобили речиси никогаш не се натпреваруваат. Тие се градени за задоволство и секојдневно возење.

Автомобилското модифицирање може се однесува на изгледот на возилото или на неговите перформанси, со што главна цел е да се подобри изгледот или изведбата на автомобилот според вкусот на сопствениците, преку додавање, промена или целосно замена на делови.

тјунинг

Доколу се работи за подобрување на перформансите, моторот може да се прилагодува со цел да се добие што поголема излезна моќ или да се подобри горивната потрошувачка според желбата на ентузијастите. Сепак, ваквиот тјунинг не застанува само со моторот. Честопати се потребни дополнителни промени за да му се овозможи на возилото да управува со таква моќност, вклучувајќи и зацврстена суспензија, проширени гуми, подобри сопирачки и подобрени модификации на системот за управување и преносот.

Кога пак модифицирањето е наменето со цел да се промени изгледот на возилото, подесувањето може да вклучи монтирање на агресивен комплет за телото, со цел да се подобри аеродинамиката или да се додаде акцент на одреден дел од возилото. Тука спаѓа и промената на фелните, поставување на гуми со низок профил, изменета суспензија и други визуелни измени.

Сепак, во зависност од видот на модификациите, особено визуелните, тјунигот може да се подели на неколку стилови, односно принципи на дизајнирање. Едни од најзастапените во светот се Euro style, German, JDM, Stance, Lowrider и други.

Euro style

Овој тип на тјунинг се однесува на европските модели како Audi, Porsche, BMW, Renault и сл. Бојата на возилата обично претставува една дефинирана боја по целото возило, кое е спуштено со помош на спортски систем за потпирање, при што зрачи со елегантни карактеристики. Во суштина, ваквиот тјунунг треба да проектира слика на еден елегантен, брз и луксузен автомобил. Гумите може да бидат помали, но повеќето се одлучуваат за спортски гуми со пошироки димензии, дизајнирани да обезбедат поголем зафат со патната подлога.

1 | тјунинг
2 |

  3 |

тјунинг

4 | тјунинг

    German style

    Кај овој стил на модифицирање формите на автомобилот мора да бидат оригинални, без големи спојлери, огромни издуви и разни пластики. Може да се користат само фабрички делови од каросеријата, делови од германскиот стил или делови од други германски автомобили. Иако овие автомобили многу потсетуваат на нивниот фабрички изглед, тие се доста изменети. Едни од најбитните моменти кај овој стил се гумите со многу низок профил (/45, /40, /35) и спуштањето на автомобилот колку што е можно пониско. Секако со ова доаѓа и криењето на рачките на вратите, задолжителното проширување на крилата, со цел гумите и тркалата да имаат доволно простор. Околу потеклото на фелните, постојат некои закони, како тие да бидат исклучиво германски, полирани и да бидат што е можно поголеми.

    1 | тјунинг
    2 | тјунинг
    3 | тјунинг

    4 |

      JDM (Japanese domestic market)

      Карактеристичен за возилата со јапонско потекло, каде најпопуларни брендови се Honda, Subaru, Toyota, Mazda, Suzuki, Lexus, Mitsubishi и Nissan. Возилата се во јапонски стил, со афтермаркет делови и тркачки детали. Стилот се одликува со фелни со не многу големи димензии, спортскиот систем за потпирање, кој најчесто преку подесувачки елементи овозможува промена на висината на возење на возилото, а присутни се и разни големи спојлери и сплитери, кои му обезбедуваат поагресивен изглед на возилото. Секако, перформансната уреденост е на „јапонско“ ниво.

      1 | тјунинг

      2 | тјунинг
      3 |
      4 | тјунинг

        Stance

        Овој стил се одредува според висината на суспензијата на возилото и вклопувањето на тркалата во лаковите на крилата. Може да се однесува на какво било кое возило, вклучувајќи спортски автомобили, пикап-камиони и теренски возила, но најмногу се поврзува со спуштени спортски автомобили, седани, хечбеци, комбиња и други каросериски стилови на патнички автомобили. Главните параметри на Stance се висината на возилото и положбата на тркалата. Висината обично зависи од компонентите на суспензијата, вклучувајќи ги пружините, амортизерите, коиловерите и воздушните балони. Позицијата на тркалата обично зависат од големината на фелните, дистанцерите и подесувањето (сетапот).

        1 |  
        2 | тјунинг
        3 | тјунинг
        4 | тјунинг

          Lowrider

          Ова возило остава впечаток дека има агресивен изглед, поради тоа колку ниско се држи до земјата. Изгледот е рафиниран, каде бојата на возилото е со врвна изработка и одлично надополнета со светкави фелни, кои дополнително го привлекуваат вниманието. Присутен може да е и одреден графички дизајн, додека пак ентериерот е прилагоден така што обезбедува повеќе луксузен и префинет изглед, отколку практичност. Ниското држење се постигнува со инсталирање на хидраулична суспензија и замена на големите гуми со помали. Ваквото подесување влијае на тежишната точка и ги менува аеродинамичните карактеристики на возилото, така што надградбите се прават само за изглед наместо перформанси.

          1 | тјунинг 
          2 | тјунинг 
          3 | тјунинг 
          4 | тјунинг 

            Поврзани вести

            Back to top button