fbpx

Турција ќе продава автомобили од сопствено производство во 2021

Следната година ќе биде подготвен прототипот на првиот автомобил од сопствено производство на Турција, а продажбата ќе започне по 2 или 3 години

Ова го изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдирим.

„Прототипот на првиот локален автомобил во Турција ќе биде готов во 2019 година, а масовното производство ќе започне во 2020-2021 година”, рече Јилдирим на конгрес на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) во Бурса. „Како влада, планираме да инвестираме за да ги зголемиме нашите капацитети за производство, конкурентност и капацитет за истражување и развој. Со забрзување на трансферот на технологии ќе обезбедиме повеќе локални производи“.

Турција започна вложување за производство на свој прв автомобил, во ноември минатата година. Пет локални компании – Anadolu Group, BMC, Kiraca Holding, Turkcell и Zorlu Holding – заеднички ќе го произведуваат првиот автомобил во Турција. Јилдирим истакна дека Турција продолжува да расте и да се развива “во време кога дури најсилните економии во светот се погодени од криза”. Во првото тримесечје од минатата година турската економија забележа раст од 5,3%, во второто – 5,4%, а во третото тримесечје економијата на Турција беше со најголем раст меѓу земјите од Г20 – 11,1%, потсети Јилдерим.

Поврзани вести

Back to top button