Uber ангажирала обучени шпиони од ЦИА?!

Скандалозната компанија Uber се занимавала со меѓународна шпионажа, со изнајмување на бројни поранешни вработени на ЦИА

Ова е уште еден скандал по оној случај за интелектуална кражба од гигантот од Waymo, подружница на Alphabet.

Обвинението се однесува на писмо од адвокатот на поранешниот работник на Uber, Ричард Џејкобс. Во него се опишуваат голем број незаконски практики кои ги применува компанијата. Ова вклучува обучени шпиони маскирани како обични таксисти, нудење поткуп на службени лица во странски држави и прислушување на конкурентите. Претходно во текот на годината Uber плати 7,5 милиони долари отштета на Џејкобс, како резултат на вонсудско решение, бидејќи тој се согласи да го повлече обвинението за кражбата на технологии од Waymo, единица на Google за автономно возење. Џејкобс, сепак стои зад другите тврдења, вклучувајќи за ангажирање на експерти од ЦИА и за имплементирање на лажни „незадоволни клиенти” на компанијата во групи, кои се подготвувале да покренат колективни тужби против неа.

ЦИА

Неговото писмо доведе до одложување на случајот Waymo против Uber да му овозможи на судот да ги испита новите индиции. Во меѓувреме новото раководство на Uber, назначено по отстранувањето на основачот на фирмата Тревис Каланик, рашири изјава дека „не се согласува со сите обвиненија во писмото” и направено е сè што е потребно да ги промени лошите практики и да се „ бори чесно и совесно , врз основа на силата на своите идеи и технологии “.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close