fbpx

Uber и Volvo со целосно автономен XC90

Со заедничка соработка, двете компании го претставија целосно автономниот Volvo XC90

Како дел од партнерството кое започна во 2016 година, Volvo и Uber го претставија целосно автономниот Volvo XC90. Како заеднички проект на двете компании, тоа е модел подготвен за производство и опремен со паметни системи кои му овозможуваат да вози самостојно.

Шведскиот SUV е опремен со она што шведскиот производител на автомобили ги нарекува “клучни безбедносни карактеристики”, овозможувајќи му на Uber лесно инсталирање на својот систем за самостојно управување.

Безбедноста е од суштинско значење за Volvo, па возилото добива неколку резервни системи за управување и сопирање, како и резервна батерија. Во случај нешто да тргне наопаку со примарните системи, тие веднаш ќе го стопираат XC90. Некои од сензорите монтирани на врвот и вградени во SUV моделот, овозможуваат самостојно возење во урбаните средини.

Volvo Uber

“Работењето во тесна соработка со компании како Volvo е клучна состојка за ефикасно градење безбедна, скалабилна флота со самостојно упраување. Volvo веќе долго време е познат по својата посветеност на безбедноста, што е камен-темелник на најновото основно само-управувачко возило подготвено за производството. Кога ќе се поврзат со нашата технологија за самостојно управување, ова возило ќе биде клучен дел во автономното производство на Uber“, изјави Ерик Мејхофер, извршен директор на Uber Advanced Technologies Group.

Заедничкиот договор е од корист и за двете компании. Volvo ќе ги лансира автомобилите со систем за самостојно управување во раните 2020-ти и сака да стане главен играч во овој сегмент, додека целта на Uber е да понуди сигурно автономно споделување на возењето, без потреба од специјалист за мисии.

Поврзани вести

Back to top button