Ultima RS – 1.200 коњскиот хипер автомобил од Британија
Знаменосецот на Ultima Sports пристигнува 35 години откако првиот автомобил се повлече од производната линија
Со седиште во Лестершир, Велика Британија, Ultima Sports произведуваат апсурдно брзи машини инспирирани од моторспортот, кои и после 35 години ја задржуваат својата формула исто како и кај првиот автомобил кој ја напушти производната лента од фабриката во 1983 година.
Новиот предводник го носи името Ultima RS и има целосно ново тело инспирирано од автомобилите од група C на Le Mans, изградено првенствено од јаглеродни влакна за намалување на тежината. Со цел да се надминат неверојатните перформанси на претходните модели, компанијата го искористи ултра модерниот ветерен тунел на MIRA, за да ја изоштри и рафинира својата аеродинамика, со што создаде неверојатна максимална сила на прилепување од 1.000kg и коефициент на аеродинамичност од 0,304 во одредени спецификации.
За да се постигнат овие броеви, предниот сплитер монтиран на шасија со вградени генератори на вртлози, каналите, задниот дифузер и задното монтираниот спојлер работат заедно. Со цел да се помогне при ладењето на погонскиот агрегат и системот за сопирање, поставени по каросеријата се специјални отвори, како NACA отворите, покривни и странични канали и др.
Хипер автомобилот е погонуван од 6,2 литарскиот V8 LT мотор на Chevrolet, кој е модифициран во неколку нивоа. Основната LT1 варијанта произведува 480 коњси сили, следен е LT4 со 650 коњски сили, а по него е LT5 со 800 коњски сили. Поседниот е со можност за модификација до неверојатни 1.200 коњски сили.
Во форма на најмоќната изведба на LT5, новиот 1.200 коњски Ultima RS е способен за спринт до 100 км/час за време од 2,33 секунди, 160 км/час достигнува за 4,8 секунди, односно 251 км/час за 9,2 секунди, пред да достигне максимална брзина од над 400 км/час.
Цената на британскиот супер автомобил сеуште не е откриена, но производителот вели дека пакетот за само-монтажа на Ultima RS започнува со цена речиси иста со таа на новиот BMW M3.