fbpx

Уникатен свадбен подарок за принцот Хари

Кралицата Елизабета Втора му подари на својот внук за неговата венчавка Jaguar E-Type Concept Zero од 400.000 евра

Нема сомнение дека главните вести за време на викендот беа врзани за свадбата на британскиот принц Хари и Меган Маркел. Овој настан беше многу рефлектиран во печатот, жените во светот дискутираа за фустанот на принцезата, а мажите за ексклузивните автомобили, кои можеа да се видат на помпезната церемонија. Меѓу нив беше и уникатниот автомобил, кој кралицата Елизабета II му го подари на својот внук на свадбата.

Jaguar E-Type Concept Zero

На крајот од саботата, среќната двојка ја посети резиденцијата Виндзор – Фрогмор хаус. На Свечениот прием за семејството и блиските пријатели принцот Хари ја донесе својата сопруга со сосема нов сребрено-син родстер – Jaguar E-Type Concept Zero. Автомобилот со регистарската табличка E190518 привлече големо внимание, по многу нешта.

Овој автомобил беше подарок од бабата, остави неверојатен впечаток, пред се поради регистрацијата, со датумот на свадбата, како и поради фактот што Jaguar E-Type Concept Zero е електричен автомобил кој надворешно е реплика на класичниот модел Jaguar E-Type Series 1.5 од 1968 година. Автомобилот има електричен мотор со моќност од 220 kW и може да забрза до 100 km/h за само 5,5 секунди. Од безбедносни причини, максималната брзина е ограничена на 160 km/h.

Треба да се напомене дека подарокот од Кралицата е прилично драгоцен, тој е уникатен и чини околу 350.000 фунти (околу 400.000 евра).

Jaguar E-Type Concept Zero

Поврзани вести

Back to top button