ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Уникатно BMW i8 ќе се грижи за безбедноста на Formula E

BMW Group, во улога на официјален автомобилски партнер на FIA Formula E Championship, официјално го претстави новиот автомобил за безбедност на електричната Formula E

Автомобилот е специјално доработен за употреба во услови на патека, а всушност е i8 Roadster, со дизајн од i8 Coupé. Од BMW велат дека новиот BMW i8 Roadster Safety Car е првиот автомобил за безбедност во светот, која може да биде употребен во конфигурација со отворен ентериер, а основни акценти во конструкцијата се импресивниот заден спојлер, ветробранското стакло и намалената за 15 mm висина од патот.

BMW i8

BMW i8 Roadster Safety Car е опремено со карбон-керамички сопирачки, хомологиран од меѓународната автомобилистичка федерација (FIA), ролбар, дополнителен челен сплитер и светлосна сигнализација, комуникациски систем, задна камера и друго.

Во флотата автомобили кои единицата BMW i на BMW Group обезбедува за потребите на FIA Formula E Championship се вклучени исто така i3s и 530e.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close