ЗАБАВАНАСЛОВНА

Уникатно MINI за свадбата на принцот Хари и Меган Маркел

Легендарната марка MINI најави дека во чест на претстојната свадба на принцот Хари и Меган Маркел, на 19 мај, создала единствен автомобил- MINI Hatch, кој ќе биде дониран по церемонијата од новото семејство во добротворни цели

-Ние од MINI, англиска марка со речиси 60-годишна историја во Велика Британија, имаме посебна чест и задоволство да ја одбележиме кралската свадба, со овој специјален добротворен подарок, вели Оливер Хeјлмер, шеф на единицата за дизајн на MINI. – Посебен тим го создаде овој MINI Hatch специјално за оваа пригода. Неговиот специјално развиен дизајн и рачно нацртана креација на покривот е вистинско ремек дело, која се комбинира со 3D печатени персонализирани елементи на ентериерот и екстериерот со специјалните везови, што го прави MINI навистина уникатен.

MINI Hatch

Специјалната MINI верзија се разликува не само со уникатното креирање на покривот, туку и со посебни бои и лак решение на целиот екстериер, секундарниот систем за осветлување за просторот околу предните врати кој испишува на земјата Just Married, Satellite Grey кожениот тапацир за ентериерот, 3D печатени инсерти со иницијалите на младоженците за трепкачите и други поединости.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close