Употребени 41 тркачки автомобил за логото на Pirelli

Дури 41 тркачки автомобил од класата GT3 беа потребни за да го „напишат" италијанското лого на компанијата Pirelli, „P“ во прилично проширен горен дел

Настанот се случи на патеката во Монца овој викенд и го одбележа почетокот на новата сезона во шампионатот Blancpain GT, а од Pirelli проценуваат дека вкупната моќност на автомобилите од сликата е околу 22.000 коњски сили. Амблемот е долг 80 метри, широчината 18 метри, а овие 41 автомобил се од 12 различни брендови, сите присутни во GT3: Aston Martin, Audi, Bentley, BMW, Ferrari, Lamborghini, Lexus, McLaren, Mercedes-AMG, Nissan, Porsche и Јaguar.

Обликувањето на буквата „Р“ траеше неколку часа, а изборот на овој шампионат од страна на компанијата за да се состави логото не е случаен – GT3 е натпреварување во кое учествуваат најмногу автомобилски кои користат Pirelli гуми.

Pirelli

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close