Уште еден полнач за електромобили во Скопје
Во склоп на Самитот100 во Хотелот Парк беше пуштен AC полнач од 22 kWh со можност за полнење на две возила
![e-charger-skopje-hotel-park](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/10/e-charger-skopje-hotel-park-780x405.jpg)
Во Парк Хотел и Спа, официјално се пушти во употреба уште една станица за полнење електрични возила, којашто го прави хотелот, единствен од ваков тип во Македонија. На настанот беше присутна и еврокомесарката за транспорт Виолета Булц која во хотелот пристигна со своето електрично возило и беше првата која го употреби новиот полнач.
еврокомесарката за транспорт Виолета Булц
Во Парк Хотел и Спа се одржа конференција, на тема: Проект » Edison eSkopje «, во соработка со Сојузот на Ротари Клубовите од Македонија. На конференцијата имаше кратко излагање Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, а тематска презентација имаше Изток Селјак – Хидриа / Словенија – »Edison eSkopje« и Марко Фемц претставник од Планет – нет / Словенија.
Со оваа инвестиција Парк Хотел и Спа, се приклучува на платформата „Едисон“ (eco driving innovating solutions and network) која има за цел да го претвори регионот во лабораторија на идната зелена мобилност.
“Сакаме да ја поттикнеме и индустријата да се вклучи во овие трендови – изјави Изток Селјак, координатор на проектот „Едисон“. Токму затоа е формиран проектот „Едисон“ кој здружува 50 компании, универзитети и институти во Словенија, а сега се проширува и низ цела ЈИЕ преку концептот „Едисон е-сити“ со лансирање инфраструктура на полнач за електрични зелени возила, зелени такси, каршеринг, а сакаме да ја поттикнеме и индустријата и производството да го искористи „Едисон“ за нови иновативни решенија и зелен коридор од Љубљана до Скопје, Приштина и Тирана во должина од 1.400 километри„ – изјави Изток Селјак.