fbpx

Уште еден тизер од новиот Cupra Concept

Перформансниот бренд на Seat објави уште еден тизер од престојниот концептен автомобил кој ќе се појави на Саемот во Франкфурт овој септември

За престојното концептно возилото, Cupra вели дека ја сочинува силуетата на кросовер модел со четири врати, со присуство на SUV елементи и елеганција на спортски купе. Пропорциите се под влијание на електричниот погон, со тоа што моделот претставува првиот автомобил на Cupra кој користи електричен погон.

Исто така, вреди да се напомене дека ова е ексклузивен концепт на Cupra, па шансите дека дизајнерките елементи ќе се искористат во дизајнерска студии за Seat или други брендови на VW Group се навистина мали. Објавената слика открива елегантен профил и заден крај со високо поставени LED фарови, обединети со светлосна лента и со осветлено лого на Cupra во центарот.

Cupra

Задниот дел, исто така, има дифузер за кој се вели дека обезбедува функционална аеродинамика и емотивно чувство на перформанси. Она што може да се забележи во предниот дел е познатиот LED-потпис на фаровите, кој е надополнет со осветлено лого на Cupra на браникот што го одекнува логото на задниот дел.

Поврзани вести

Back to top button