fbpx

V6 со 440 коњски сили за Porsche Cayenne S Coupe

Porsche соопшти дека новиот Cayenne S Coupe, кој ќе биде лансиран кон крајот на јули оваа година, ќе биде опремен со 2.9 литарски мотор во V-облик, со шест цилиндри и максимален вртежен момент од 550 Nm

Новото Porsche Cayenne S Coupe ветува да понуди на идните сопственици можност за остварување на класичното забрзување од 0 до 100 km/h за 5 секунди во верзијата со стандардниот Sport Chrono пакет, и за 4,9 секунди во изведба со достапните како дополнителна опрема три спортски пакет. Максималната брзина на автомобилот е 263 km/h.

Cayenne S Coupe се јавува како предлог на Porsche во модификационото семејство на Cayenne Coupe, односно како основната верзија на Cayenne Coupe кој доаѓа со максимална моќност од 340 коњски сили, а топ предлогот Cayenne Turbo Coupe ветува импресивни 550 коњски сили.

Во стандардната верзија на Porsche Cayenne S Coupe, со опремата Sport Chrono Package се вклучени, 20-инчни фелни, паркинг асистент и активна суспензија, а цената на овој производ е проценета на 99.657 евра за Германија.

 

Поврзани вести

Back to top button