fbpx

Вака треба да изгледа наследникот на Volvo V40

По обновиувањето на серијата 60 минатата година, Volvo, планира подобрување и на најстариот модел во целата гама – моделот V40. Се претпоставува дека Volvo нема да предложи директен наследник, односно моделот нема да биде класичен хечбек, туку ќе биде малку повисок и ќе влезе во SUV-Coupe форма.

Ваквиот став произлегува од шефот на Volvo за Европа, Лекс Керсемакерс кој потенцираше дека компанијата ќе има нова каросерија за серијата 40. Производството на актуелниот V40 ќе прекине во текот на оваа година, а од Volvo потенцираат дека нема да помине долг период пред да го претстават новитетот. Таргетот на концернот и понатаму останува на 800.000 возила годишно, па соред тоа е и претпоставката дека нема да предложат помал автомобил од серијата 40.

Актуелниот V40 е единствен од гамата кој не се произведува на CMA или SPA платформата и се уште ја користи платформата C на Ford. Со новитетот сигурно ќе дојде и употребата на CMA платформата која ќе понуди поголем простор за патниците и во багжникот. Покрај тој новитет, во V40 очекуваме да видиме и нов инво-забавен систем, а и нови подобрени агрегати.

Поврзани вести

Back to top button