fbpx

Вакцина за дизелите од Robert Bosch GmbH?

Сагата околу Дизелгејт еуфоријата започна да наликува на еден роман од Артур Хејли, во кој се опишуваше праксата на големите фармацевтски компании кои создаваат нови видови на заразни болести и потоа нудат за големи пари вакцини против истите?!

Robert Bosch GmbH, кој ги создаде системите за контрола на моторите и нивните емисии, кои беа основа за скандалот на векот Дизелгејт, објави неодамна дека направил пробив во развојот на системите за контрола на емисиите на дизел мотори. Новата технологија ветува драстично намалување на емисиите на азотни оксиди, дури и до една десетина од нивото од 80 милиграми на километар, колку што е декларирано од Еврокомисијата за од 2020 година.

По избувнувањето на скандалот Дизелгејт и хајката за тоа дека моторите на ова гориво се „непожелни“ во светските метрополи, изгледаше дека дизелот полека или експресно ќе ја напушти сцената. Барањето на дизел автомобили во Германија опадна за речиси 20%, во Британија за 18%, во Франција за 11%…., а некои компании најавуваат и целосна елиминација на дизелите во производството од 2025 година.

Сепак, сето ова се случува без да се земе предвид новата технологија на Robert Bosch GmbH. Ако наводите на познатата компанија се точни, забраната за дизел автомобили нема да биде потребна. Bosch создаде системот за контрола, која засега е развиена само за тестирања на моторите, а за нејзината употреба во сериското производство, на потег се производителите.

Robert Bosch GmbH

-Предизвикот пред нас беше да ја намалиме емисијата на штетни гасови не само пред пуштањето во продажба на возилата, туку и во реални патни услови, изјави д-р Фолкмар Денер, претседател на бордот на директори на Robert Bosch GmbH.

-Овој предизвик беше прифатен од нашите инжинери и резултатот од нивната работа ги надмина очекувањата и ова ќе им овозможи на производителите да нудат автомобили со емисии далеку под оние наметнати од стандардните.

На новинарите сега им се понудени на тестирање VW Golf GTD 146 КС. со механичка кутија и нова опрема. Тој има интелигентен софтвер кој му обезбедува на системот за селективно каталитичка редукција (SCR) да работи секогаш при оптимална температура од 200 степени Целзиусови, без оглед на оптоварувањето на моторот. Ова се постигнува со интегрирање на SCR во филтерот за честички, кој се наоѓа директно до блокот.

Robert Bosch GmbH

Tака се обезбедува прецизна контрола на процесите во филтерот и не се дозволува температурите да надмине 800 степени Целзиусови, при што настанува уништување на платинестата мембрана на системот SCR. Bosch, исто така, го користи составот за рециркулирање на голем притисок на Golf GTD за да обезбеди ладење за системот.

Од Bosch наведуваат дека постигнале намалување на исфрлање на азотни оксиди до 13 милиграми на километар, што е далеку пониско од она на стандардот Euro 6d од 80 милиграми. Bosch верува дека системот ќе биде погоден за сите сериски дизел мотори и дека ќе се најде во промет во рок од две години. Резултатот од работата на новиот систем на Bosch навистина импресионира, но ќе треба да ги почекаме и независните тестови на екоорганизациите пред да ја „вратиме“ целосно својата доверба во дизелите.

Вистинската шанса за преживување на дизел моторот е целосна транспарентност во однос на нивото на емисии. Дизелот „не е мртов”! Барем не за сега…

Поврзани вести

Back to top button