fbpx

Вебер и Шарапова се забавуваат со најмоќното Porsche

Porsche објави забавно видео во кое главните ликови се руската тенисерка Марија Шарапова и поранешниот пилот на Formula 1 австралискиот aс, Марк Вебер

Двајцата официјални амбасадори на брендот го возат супермоделот GT2 RS на тест патеката во Цуфенхаузен.

Најмоќниот модел во опсегот на брендот во моментов е опремен со надграден 3.8-литарски бензински мотор со 6 цилиндри со зголемени турбополначи и подобрен систем за ладење. Моќта на единицата е 700 КС и 750 Nm, во комбинација со 7-брзински автоматски менувач. Минатата есен, Porsche 911 GT2 RS постави апсолутен рекорд на Северниот лак на патеката Нурбургринг меѓу стандардните автомобили. Моделот ја мина трасата трасата од 20,6 километри за 6 минути и 47,3 секунди.

Поврзани вести

Back to top button