ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Велика Британија дозволи тестови на автономни автомобили

Автомобили со целосно автономно управување, кои нема да имаат педали, управувач, ретровизори и возач, ќе се појават на патиштата на Велика Британија во 2021 година

Измените во закони веќе се подготвуваат, а тие на стартот ќе се однесуваат само за тест прототипи, соопштува The Guardian.

Пред изданието извршниот директор на Организацијата на автомобилските производители и трговци, Мајк Хоуз, изјави дека сите тие целосно ги поддржуваат напорите на владата, Велика Британија, да стане во едно од примарните места во светот за развој, тестирање и продажба на автономни возила.

Велика Британија„Овие машини ќе ги трансформираат, како нашите патишта, така и нашето општество, бидејќи ќе се намалат значително бројот на несреќни случаи. На овој начин, тие исто така ќе донесат милијарди фунти во економијата на земјата. Со нетрпение го очекуваме почетокот на соработката со владата во оваа област“ истакна Хоуз.

 

Најпрво на патиштата ќе се појават голем број автомобили на Volvo. Тие се опремени со полуавтономни системи и ќе бидат тестирани по улиците на Лондон. Во подоцнежна фаза ќе се вклучат и целосно беспилотни машини на шведскиот производител, кои ќе бидат употребени за секојдневни потреби, а сите информации од извршените тестирања ќе биде внимателно анализирана од експертите на компанијата.

Велика Британија

Покрај тоа и компанијата Jaguar Land Rover најави дека до крајот на годината ќе започне тестирање на машини со автопилот по патиштата на Велика Британија. Концернот веќе доби дозвола од властите во Ковентри и Солихол каде за тестовите е направена траса со должина од 60 километри. Локалните телекомуникациски компании, исто така, учествуваат во проектот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close