Hennessey повторно го предизвикува Bugatti

Американската тјунинг компанија Hennessey Performance (HPE) објави дека подоцна во текот на оваа година ќе претстави нова хипер изведба Venom F5

Американската тјунинг компанија Hennessey Performance (HPE) објави дека подоцна во текот на оваа година ќе претстави нова хипер изведба Venom F5, името кое одговара на најмоќното торнадо, при што брзината на ветерот е меѓу 420 и 512 km/h.

Од Hennessey споделуваат дека Venom F5 е целосно нов проект, со уникатни шасија и дизајн, кои ќе бидат меѓу главните фактори за постигнување на целта: 480 km/h максимална брзина на движење.

Како главен конкурент на својата нова изведба, од компанијата go посочуваат Bugatti Chiron, а крајната цел е круната при најбрзите сериски автомобили во светот. – Ова е ново поглавје во целосно новата книга, истакнува Џон Хенеси, основач на Hennessey Performance и новата Hennessey Special Vehicles која ќе одговара за развој, производство и продажба на Venom F5.

Ќе биде исклучително американска и ќе се прави во Тексас. Во јануари оваа година, Hennessey објави дека прекинува производството на легендата Venom GT, а ја продаде последната Final Edition за 1,2 милиони долари.

F5

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close