fbpx

Видео од првото надворешно перниче на ZF

Пред само неколку месеци ZF го претстави првото надворешно воздушно перниче, а оттогаш компанијата уште повеќе ја подобри неговата технологијата

По претставувањето пред само неколку месеци, сега за прв пат германската компанија ни ја демонстрира изведбата на нивната технологија во развој, односно првото надворешно воздушно перниче во светот. Со употреба на прототипна верзија, тие ни ги претставуваат придобивките на оваа технологија.

Според ZF, бочните судири се едни од најопасните видови на сообраќајни незгоди, кои во Германија се одговорни за една третина од целокупниот број на жртви на патиштата. Компанијата верува дека нивниот нов безбедносен систем може да помогне во спасување на животи и намалување на сериозноста на повредите на патниците дури до 40 проценти. Ова ќе се должи на функцијата на системот, кој ќе го намали влијанието од ударот и навлегувањето на возилото во бочниот дел до 30 проценти.

Прототипот се состои од надворешно странично воздушно перниче, кое се отвора неколку милисекунди пред судирот и обезбедува заштита на бочниот дел на возилото. За да може да работи, ZF го поврзува перничето со сензори поставени по надворешноста на возилото, преку кои со помош на развиени алгоритми кои се способни да одредат дали ударот е неизбежен, се одлучува дали да се активира перничето.

Најголемиот предизвик со кој ZF се соочи при конструирање на овој систем, е како да се препознае неизбежниот судир и да се отвори воздушното перниче пред самиот удар. Системот има приближно 150 милисекунди за да ја донесе одлуката, да го отвори перничено и да го наполни. Вториот предизвик е поврзан токму со полнењето на перничето, кое е со капацитет од 280 до 400 литри, пет до осум пати повеќе од воздушното перниче на возачот. Разбирливо, ова значи повеќе време потребно за целосно полнење.

На видеото, надворешното воздушно перниче на ZF се чини дека функционира добро, но демонстрациите најверојатно ќе покажат повеќе доколку компанијата користи вистински автомобил.

ZF

Поврзани вести

Back to top button