fbpx

Виетнам ја потврди Formula 1 трката

Гласините дека Formula 1 ќе има трка во Виетнам во блиска иднина, вчера конечно беа потврдени од сопственикот на спортот Liberty Media и FIA

Тие потврдија дека во 2020 година ќе станеме сведоци на Гран при на Виетнам. Трката ќе биде на улиците на главниот град Ханој и ќе го одбележи дебито на Formula 1 во Југоисточна Азија. Според локалните медиуми, интересот кај Виетнамците кон Formula 1 е исклучително сериозен, иако во земјата практично се отсутни авто-мото спортовите.

Патеката во Ханој ќе биде со должина од 5,5 километри, а според информации од FIA директорот на трките во Formula 1, Чарли Вајтинг веќе бил во инспекција во Ханој и проектот добил одобрение.

ГН на Виетнам е првата трка, додадена во календарот на Formula 1 од новите сопственици на спортот, а се очекува исто така пред 2020 во спортот да дебитира и Мајами. Календарот на оваа сезона во Formula 1 вклучува 21 трки, а тимовите се повеќе се жалат дека нивните тимови се силно натоварени. Но, плановите на Liberty Media се за 23 трки во блиска иднина, па дури и 25 за неколку години.

Промотор на трката во Виетнам ќе биде локалната компанија Vingroup која неодамна се стекна со светска слава со промоцијата на автомобилската марка VinFast. Компанијата е основана во 1993 година во Украина и има сериозен бизнис во Виетнам – од синџир супермаркети до производство на автомобили.

Поврзани вести

Back to top button