МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Без автомобили на Водно за време на викендите

Долго време се дискутира за оваа одлука за воведувањето на забрана за движење моторни возила на патот до Средно Водно

Долго време се дискутира за оваа одлука за воведувањето на забрана за движење моторни возила на патот до Средно Водно и конечно таа стапува на сила следниот викенд и е дел од заложбите на Град Скопје за почист воздух и поздрава животна средина.

Многу години наназад градските власти се обидуваа да воведат забрана за движење на возила до Средно Водно, но секогаш имаше некое ама, или, па сега ли… На крајот сепак се реализира најавеното, се со цел за заштита на околината и човековото здравје, а и пријатни мигови на „нашето Водно“, кое секогаш нудело невидени природни убавини, а генерации и генерации ги врзуваат многу споменеи. Најавената забрана за движење возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од наредниот викенд (25 и 26 ноември 2017 година).

Водно

Одложувањето на оваа експериментална мерка е поради неповолните временски услови што се најавени за наредниве денови и поради техничките прашања околу усогласување на регулативата. Според планот, оваа забрана ќе важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот Свети Пантелејмон до Средно Водно. Забраната се планира да важи за време на викендите (сабота и недела) и за време на државните празници.

Оваа забрана нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија.

За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно, Градот Скопје ќе воведе две нови пробни автобуски линии што ќе сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите ќе се полнат со патници на почетната станица и ќе возат без застанување до Средно Водно. Едната автобуска линија ќе тргнува од пред катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј, а втората ќе тргнува од паркингот кај Цветниот пазар (Дом на печат).

Покрај двете нови пробни, граѓаните ќе можат непречено да ги користат и двете постојни автобуски линии – линијата со број 25 до Средно Водно и линијата со број 28 до паркингот кај манастирот Свети Пантелејмон.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close