fbpx

Викенд тарифа: „Афтер-ворк“ со Хамилтон и AMG One

Седумкратниот Formula 1 шампион Луис Хамилтон дава свој придонес во развојот на Mercedes-AMG One хиперавтомобилот веќе неколку години

Хиперавтомобилот Mercedes-AMG One е подготвен да пристигне следната година, а Луис Хамилтон не можеше да издржи и седна зад управувачот во новата маркетинг кампања која беше лансирана на официјалните канали на брендот по финалната трка во F1 сезоната во Абу Даби.

„After Work“ со Луис Хамилтон е називот на видеото во кое се прикажува 35-годишниот Британец како седнува во One и се упатиува на патеката. Предпродукцискиот хиперавтомобил е облечен во специјална камуфлажа која комбинира неколку нијанси, вклучително и црвена, која како што велат од AMG, ќе игра централна улога за E Performance.

Инаку, Mercedes-AMG One се напојува со 1,6-литарски V6 бензински мотор и четири електромотори, со што максималната вкупна моќност достигнува 1.000 КС и достигнува максимална брзина од 350 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button