Викенд тарифа: Aston Martin ги комплетираше првите DB5 Goldfinger модели

Aston Martin ги комплетираше првите пет примероци на својот DB5 Goldfinger Continuation модел кој е познат по филмовите со Џејмс Бонд

Британската марка произведува 25 примероци на DB5 Goldfinger Continuation, а сите од нив се дизајнирани да потсетуваат на оригиналните DB5 модели користени во Џејмс Бонд филмовите, комплетирани со истите чудни и дополнителни гаџети. Во чест на првите пет комплетирани модели, Aston Martin објави видео во кое се прикажуваат лажните пушки, лажните регистрациски таблички и димни завеси на автомобилот.

Секој DB5 Goldfinger Continuation модел е финиширан во Silver Birch боја и се напојува од 4,0-литарски шестцилиндерски мотор кој испорачува 290 КС. Од Aston Martin велат дека им се потребни 4.500 часа за да се направи секое возило, поради што (покрај останатите причини), секој автомобил чини 2,75 милиони фунти.

Поврзани вести

Back to top button