fbpx

Викенд тарифа: Битка на класиците – Countach и Testarossa

Легендарните суперавтомобили од 1980-тите години, Lamborghini Countach и Ferrari Testarossa, се главните ѕвезди во ова видео во кое се споредуваат нивните реални можности

За оние нешто постарите, кои израснаа во 80-тите години на минатиот век и се вљубени во автомобилите, сигурно е дека Ferrari Testarossa и Lamborghini Countach ќе предизвикаат посебни емоции кај нив. Огромна е веројатноста, дури и да сте нешто помлад, дека сте имале постер од еден од овие два модели во својата детска соба. Овие две суперавтомобилски икони имаа големо ривалство пред 40-тина години, но прашањето е кој од нив е подобар во реалниот свет.

Ова прашање е сржта на ова видео од 888MF, во кое рамо до рамо се најдоа Countach LP 5000QV од 1986 и Testarossa од 1988, со цел да откријат кој автомобил какво е чувството да се најдете зад управувачот на овие два автомобили на патиштата.

Иако овој Ferrari е возен многу помалку и има само 12.875 поминати километри, делува како автомобил кој би бил подобар за возење преку ден. Можеби не е визуелно впечатлив како Countach, но е многу позрело возило.

Со квалитет на изградба која се одликува во цената, тивкиот мотор, добрата прегледност и предвидливата управливост, Testarossa е прилично лесен автомобил за возење. Специфичниот менувач бара време за навикнување, но остатокот делува како нормален автомобил. И тоа мошне добар.

Од друга страна, Countach има сомнителен квалитет на изградба, апсолутно ужасна прегледност и сопирачки перформанси кои не влеваат уверливост, моделот на Lamborghini е далеку „понецивилизиран“ модел. Но, и тоа има своја предност. Во кратки возења, остава многу поголем впечаток од Ferrari. Бучен е и делува диво.

Додека Ferrari е вистински grand tourer кој можете да го возите на подолги дистанци, Lamborghini е „играчка“ за покажување и импресионирање на пријателите и минувачите.

Поврзани вести

Back to top button