fbpx

Викенд тарифа: BMW M3 со дрифт забава на снежна патека

Шпанија и Мадрид минатиот месец ги видоа најголемите снежни наноси во последните 50 години, а BMW тоа го искористи на најдобар можен начин со новиот M3

Чист адреналин на патеката Jarama прекриена во снег, а во главната улога е новиот BMW M3. Новиот спортски седан во Competition верзија ги искористи најголемите снежни наноси во шпанската престолнина во последните 50 години и со неколку елегантни дрифтови ги прикажа своите можности.

BMW M3 Competition се напојува со 3,0-литарски шестцилиндерски мотор кој испорачува 510 КС и 650 Nm максимален вртежен моемнт. Во спортски возачки режим потребни се 3,9 секунди за да стигне од мирување до „стотка“, а максималната брзина изнесува 290 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button