Викенд тарифа: BMW M5 CS, AMG E63 S, RS6 и Panamera Turbo E-Hybrid во драг битка
Германските премиум автомобили се познати по својот луксуз и перформанси, а BMW M5, AMG E63 S, RS6 и Panamera Turbo E-Hybrid се соочија на патеката во нова интересна драг борба
Автомобилите како Audi RS6 Avant, BMW M5 CS, Mercedes-AMG E63 S и Porsche Panamera Turbo S E-Hybrid Sport Turismo совршено ги комбинираат луксузот со перформансите, но кој од нив е најбрзиот на патеката? Момците од Carwow повторно воодушевуваат со своите драг трки, а сега ги собраа на едно место четирите адути на германските производители за серија на перформансни тестови. Сите четири автомобили имаат битурбо V8 мотор под хаубата, но Porsche има и електромотор, што само по себе значи дека е најмоќниот, но исто така и најтешкиот од сите. Како сето ова изгледа на патеката, погледнете во видеото во прилог