Викенд тарифа: Целосен преглед на Mustang Mach-E

Првиот електричен автомобил на Ford не само што е дизајниран да личи на Mustang, туку и го носи името на најпознатиот светски „muscle car“

Новиот Ford Mustang Mach-E беше претставен пред само неколку дена како целосно електричен кросовер кој покрај името, го носи и препознатливиот дизајн на легендарното спортско купе. Со погон на задните или сите четири тркала, моќност од 255 до 459 коњски сили и опсег од 378 до 483 километри, Mach-E ќе биде достапен до крајот на следната година.

Она што можевме да го видиме од понудените фотографии ни даде доволен приказ за дизајнот на моделот и неговиот изглед, а доколку сакате одблизу и подетално да се запознаете со електричниот Mustang Mach-E, погледнете го видеото на TopGear.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close