fbpx

Викенд тарифа: Continental Speed Le Mans против вистински Ле Ман победник

Bentley реши да ја прослави победата на Ле Ман на Speed 8 во 2003 година со ограничено издание Continental Speed

Bentley е горд на својата историја на Ле Ман, а поголемиот дел од неговите победи се од пред речиси сто години. Но, компанијата успеа и еднаш во овој милениум да ја освои најлегендарната трка на издржливост во светот и реши да ја одбележи 20-годишнината од тоа достигнување со ново ограничено издание на Continental GT.

Наречен Bentley Continental GT Speed Le Mans Edition, моделот со ограничено производство беше произведен во само 48 примероци и е придвижуван од 6,0-литарски W12 мотор кој испорачува 659 КС и 990 Nm на вртежен момент.

Изненадувачки, тоа е повеќе цилиндри и повеќе моќ од тркачкиот автомобил за кој е дизајниран да му оддаде почит. Bentley Speed 8 го освои Ле Ман во 2003 година со помош на 4,0-литарски битурбо V8 кој произведува „само“ 600 КС.

Сепак, победникот на Ле Ман е значително полесен од Continental GT Speed. Всушност, со само 950 кг, болидот тежи помалку од половина од автомобилот, кој тежи 2.200 кг.

Од Carwow одлучија да ги стават двата автомобили на мегдан, а како изгледаше нивната пресметка, погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button