Викенд Тарифа: Девојките од EICMA 2025

EICMA повторно блесна со атрактивни модели „и на две тркала и на две нозе“. Погледнете ги девојките кои го разубавија мото саемот во Милано

EICMA 2025 повторно ја потврди својата репутација како најголемиот и највозбудлив мото-собир во Европа, каде што иновациите, адреналинот и страста кон моторите се спојуваат во Милано. Во тоа имавме можност да се увериме и на лице место, каде присутна беше и редакцијата на Авто Плус. Но, покрај футуристичките модели, агресивните супербајкови и концептите кои ги поместуваат границите на инженерството, постои уште еден дел од вистинската магија на EICMA – девојките кои со својата енергија и харизма додаваат сосема ново ниво на атракција.

Девојките на EICMA 2025

Иако последните години ваквите појавувања стануваат поретки, EICMA и ова издание останува верен на традицијата која многумина ја сметаат за дел од духот на саемот. На штандовите на големите производители, меѓу моќните машини и техничките демонстрации, стоеја и убавици кои привлекуваа внимание со иста сила како и мотоциклите покрај нив.

Девојките на EICMA 2025

Оваа година трендот беше јасен: елегантни, модерни, со одличен стајлинг и професионален настап, девојките ги надополнија премиерите на Ducati, Yamaha, Aprilia, Honda, BMW и уште многу други.

Од спортски енергија до classy минимализам, секој бренд имаше свој стил, а девојките маестрално го пренесуваа тоа. Некои ја претставуваа суровата спортска агресија на naked моделите, други луксузниот карактер на adventure машините, а трети пак го доловуваа hi-tech имиџот на новата електрифицирана генерација на мотоцикли. Сликите што ги подготвивме најдобро го покажуваат ова, вистински микс на убавина, стил и шоу-бизнис атмосфера.

Девојките на EICMA 2025

Во продолжение ви ги претставуваме девојките од EICMA 2025 кои според нас заслужуваат малку повеќе внимание овој викенд. Сигурни сме дека и вие нема да имате ништо против тоа.

Поврзани вести

Back to top button