Викенд тарифа: Дизел битка меѓу Golf GTD, BMW Серија 1 и Octavia RS

Интересна драг трка меѓу три перформансни дизел автомобили, а во главната улога се VW Golf GTD, Škoda Octavia RS и BMW 120d

Перформансните дизел автомобили навистина се популарни на Стариот континент, а сега пристигнува една навистина интересна драг трка. Volkswagen Golf GTD се напојува со 2,0-литарски четирицилиндерски турбо дизел мотор кој испорачува 202 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Седумстепениот автоматски менувач со двојна спојка ја испраќа моќноста на предните тркала.

Škoda Octavia го поседува истиот погон како GTD, но станува збор за караван наместо хечбек, што носи поголема тежина на самото возило. На крајот, тука е BMW 120d кој се одликува со 2,0-литарски четирицилиндерски турбо дизел агрегат кој испорачува 193 КС и 400 Nm максимален вртежен момент. Моторот е во комбинација со осумстепен автоматски менувач кој ја испраќа моќноста на предните тркала.

Поврзани вести

Back to top button