Викенд тарифа: EV трка меѓу Porsche Taycan и Harley-Davidson Livewire

Благодарение на ентузијастите од ThEVox Network, имаме мошне интересна драг трка меѓу Porsche Taycan и Harley-Davidson Livewire

Што се случува кога ќе се соочат четири против две тркала во драг трка на електрични возила, каде на мегдан излегуваат американските „мускули“ против европското инженерство? Токму тоа ќе го дознаете од видеото во прилог, каде на патеката ќе се „судрат“ Porsche Taycan и Harley-Davidson Livewire во обид да докажат кој е побрз.

Трката е направена на авионска писта, а во дуел влегуваат две електронски возила од два и тоа како реномирани брендови, едни од најдобрите во своите полиња. Двете возила беа лансирани кон крајот на минатата година и се карактеризираат со различни спецификации.

Porsche Taycan произведува масивни 671 КС од својот 800-волтен систем. Сепак, автомобилот тежи 2.380 килограми, што е огромна бројка во споредба со 249-те килограми на Harley-Davidson Livewire електричниот мотоцикл. И покрај предноста во тежина, Revelation моторот на Harley-Davidson произведува „само“ 105 КС моќност, што не е ни блиску до она на Taycan.

 

Поврзани вести

Back to top button