fbpx

Викенд тарифа: F1 болид против најбрзите ЕВ на светот

Електричните автомобили се неверојатно експлозивно брзи, но сето тоа можеби е тешко да се долови. За да направи споредба, Carwow постави рамо до рамо две од најбрзите електрични возила на планетата – Rimac Nevera и McMurty Speirling – против вистински Formula 1 болид за да покажат како трите возила изгледаат во драг трка.

Rimac Nevera е најмоќниот од триото, кој произведува 1.940 коњски сили и 2.360 Nm. Тој е исто така најтежок, со тежина од 2.300 килограми, што е повеќе од двапати поголема од тежината на McMurtry. И покрај тоа, Nevera е молскавично брза, со забрзување од место до „стотка“ за 1,9 секунди и максимална брзина од 415 километри на час.

Следен е McMurtry Spierling, кој тежи само 1.000 кг и генерира 1.000 коњски сили. Покрај инстантниот електричен вртежен момент, тој користи систем на вентилатор за да произведе над 2.000 кг потисна сила. Spierling забрзува како топ, бидејќи до 100 км/ч му се потребни 1,4 секунди.

На крајот, тука е F1 болидот, Red Bull RB8 на Себастијан Фетел од неговата сезона на Светскиот шампионат во 2012 година. Тој е најлесниот во групата со околу 700 килограми и најмалку моќен со 800 коњски сили. На хартија, изгледа далеку под конкуренцијата.

Како сето ова делува на патеката, погледнете во видеото во прилог.

Поврзани вести

Back to top button