Викенд тарифа: Ferrari 488 Pista против McLaren 600LT
Нова интересна викенд тарифа, со нова интересна драг трка, овој пат меѓу Ferrari 488 Pista и McLaren 600LT во битката за превласт
Кога се тркаат суперавтомобили, тогаш сите добиваат. Така е и во овој случај, каде имаме шанса да ги видиме Ferrari 488 Pista и McLaren 600 LT на дело во меѓусебна драг трка за превласт во spider конкуренцијата. Една работа треба да се напомене, а тоа е дека конечниот резултат на оваа трка може да предизвика мала контроверза, но нема да откриеме за што станува збор, бидејќи навистина треба да се погледне целото видео од трката меѓу беспокривните „спајдери“ од Англија и Италија која е одлична.
Ferrari 488 Pista се напојува со 3,9-литарски битурбо V8 мотор, а ист е случајот и со McLaren 600LT кој го има речиси истиот агрегат, само 0,1 литар помал од оној на Ferrari. Од друга страна, 600LT е 30 килограми полесен од Pista. Сепак, спецификациите не се совпаѓаат, бидејќи моторот на Ferrari испорачува 710 КС, додека кај McLaren испорачува 600 КС. Истото се однесува и за максималната брзина, која кај Ferrari 488 Рista e 340 километри на час, а кај McLaren е 328 км/ч.
https://youtu.be/PpxQzs7LPKw