fbpx

Викенд тарифа: Ferrari не е за секого

Ferrari 488 Pista со своите 720 КС моќност некогаш може да биде преголем залак за некои возачи, а тоа се докажа и во овој несреќен случај

Суперспортските автомобили треба да се третираат на посебен начин, а ако се најдат во погрешни раце, исходот знае да биде доста несреќен. Истото може да се каже и за еден возач на Ferrari 488 Pista, кој веројатно во обид да ги импресионира оние што го снимаат, или пак едноставно за свое уживање, излета од патот, а неговата несреќа беше уловена на камера.

Инаку, Ferrari 488 Pista поседува 4,0-литарски битурбо V8 мотор кој испорачува 720 КС, што е навистина голема моќност, особено ако сте возач без искуство. Во конкретниот случај, наводно станува збор за автомобил „стар“ само еден ден, а токму тој факт може да претставува и објаснување зошто возачот од „нигде, никаде“ го искрши скапоценото возило, бидејќи очигледно станува збор за неискуство.

Поврзани вести

Back to top button