Викенд тарифа: Ferrari Roma од 0 до 200 километри на час

Ferrari Roma е еден од петте нови модели кои италијанскиот производител на спортски суперавтомобили ги претстави минатата година

Roma се напојува со 3,9-литарскиот битурбо V8 мотор на Ferrari со 620 КС и 760 Nm максимален вртежен момент. Моќноста се пренесува преку осумстепениот автоматски менувач со двојна спојка, па автомобилот тежок 1,472 килограми забрзува од нула до „стотка“ за 3,4 секунди.

Сега во прилог ви носиме видео кое беше објавено на јутјуб каналот Motosport Magazine, а прикажува црвено Ferrari Roma како со леснотија забрзува од 0 до 200 километри на час, а сето тоа снимено од позиција на возачот. Погледнете и самите како изгледа тоа.

Поврзани вести

Back to top button