fbpx

Викенд тарифа: Ford Fiesta ST против Puma ST во „братска“ драг трка

Fiesta ST и Puma ST се два механички речиси идентични автомобили, поради што нивната меѓусебна пресметка е мошне интересна

Ford Fiesta ST сè уште е еден од најдобрите хот хеч модели во сегментот на супермини, додека неговиот механички SUV „брат“ Puma ST е фокусиран на перформансите кој додава малку практичност во мешавината благодарение на повисоката каросерија и поголемото растојание од подлогата. Во случај да се прашувате кој од нив ќе биде побрз на права линија, Peoples Ford организираше драг трка за да дојде до одговорот.

Исто како и кај освежената Fiesta ЅT, 1,5-литарскиот EcoBoost трицилиндричен мотор ги произведува истите 200 КС, но вртежниот момент е 290 Nm кај старата Fiesta ЅT во споредба со малку зголемените 320 Nm и во фејслифтираната Fiesta ЅT и малку потешката Puma ЅT.

Во двата случаи, силата се пренесува на предната оска преку шест-брзински мануелен менувач. На хартија, полесната и поаеродинамична Fiesta ST забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,5 секунди, додека на Puma ЅT и се потребни 6,7 секунди. Fiesta ЅT, исто така, има поголема максимална брзина со 232 км/ч во споредба со Puma ЅT од 220 км/ч.

Поврзани вести

Back to top button