Викенд тарифа: G63 против RS3 и GTS

Драг предизвик помеѓу предводникот нa Mercedes, жешкиот хечбек на Audi и спортската икона на Porsche, со неочекуван крај

Дечките од TopGear овој пат решија да ги измерат силите на три германски популарни модели од три различни класи, а на драг патеката рамо до рамо се најдоа жешкиот хечбег Audi RS3, спортската икона Porsche GTS и предводникот на Mercedes, G63.

Како еден од најрелевантните фактори во ваков случај е излезната моќност на трите автомобили, каде убедливо на врвот се наоѓа G-Wagen, но во поглед на тежината, тој е речиси два пати потежок од своите ривали, што и не му оди баш во предност.

Моќниот Mercedes доаѓа со 4,0 литарски V8 мотор, со моќност од 577 коњски сили и 850 Nm вртежен момент, кои му овозможуваат забрзување од 100 за само 4,5 секунди. Хечбекот на Audi, пак е опремен со 2,5 литарски пет-цилиндарски мотор, кој испорачува 394 коњски сили и 480 Nm вртежен момент, а до 100 забрзува за 4,1 секунди. На крај на листата е Porsche Cayman GTS, погонуван од 2,5 литарска турбо единица со моќност од 360 коњски сили и вртежен момент од 450 Nm. Спортскиот автомобил достигнува 100 километри на час исто така за 4,1 секунди.

Интересна трка со возбудлив тек и уште по интересен крај. Погледнете сами.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close