Викенд тарифа: Хот хеч драг трка меѓу Golf GTI Clubsport, Type R и Megane Trophy
Пристигнува нова интересна драг трка, а овојпат фокусот е на хот хеч моделите, односно VW Golf GTI Clubsport, Honda Civic Type R и Renault Megane Trophy
Golf GTI Clubsport 45 се напојува со 2,0-литарски турбо бензинец со 300 КС и 400 Nm, а доаѓа во комбинација со седумстепен DSG менувач и погон на предните тркала. Забрзувањето до „стотка“ трае помалку од 6 секунди, а во оваа верзија нема фабричко ограничување на брзината на 250 километри на час.
Од друга страна, Civic Type R се напојува со 2,0-литарски турбо мотор кој исто така испорачува 300 КС и 400 Nm максимален вртежен момент, додека Megane Trophy-R под хаубата има 1,8-литарски турбо бензинец со иста моќност и максимален вртежен момент, но во комбинација со шестстепен менувач. Во Renault Sport особено внимание обрнале на намалување на тежината и унапредување на аеродинамиката.